Денес е една од најплатените балкански пејачки, а се потсети на првиот настап во Охрид: Пеев колку да имама за сендвич, мастики за џвакање и кафе
Познатата српска пејачка Теа Таировиќ со нејзините хитови, но и изглед ги освои симпатиите на македонската публика уште во 2021 година кога започнуваше со кариерата.
Денес Теа е една од најбараните и најплатени пејачки на Балканот која во изминатиов период работеше толку многу така што покрај редовните настапи извади албум со видео спотови за секоја песна.
Своите почетоци во музичката кариера ги имаше и токму во Македонија – со настапи во Охрид и Скопје. Беше интервјуирана од страна на емисијата Golden Summer за Канал 5.
– Јас сум овде често и многупати сум рекла дека Макеоднија ја чувствувам како своја куќа. Тоа е една од причините поради кои сум толку поврзана со Македонија затоа што навистина моите први големи чекори беа овде.
Некогаш ме фаќа малку носталгија особено кога одам во Охрид бидејќи таму го имав првиот настап во Македонија.
Иако сега се енормно големи сумите за букирање на пејачка како Теа Таировиќ со оглед на нејзиниот бум на музичката сцена, нејзините почетоци не биле толку сјајни, па кажа на што го потрошила првиот заработен хонорар.
– Хонорарот ми беше толкав да можев да си купам сендвич, мастики за џвакање и кафе. Тоа е тоа, изјави Теа.