Драма во авион поради турбуленции: Еден патник загина, 20 повредени, наредено итно слетување

Најмалку едно лице загина, а неколку други се повредени кога имало страшни турбуленции на летот Лондон-Сингапур.

Пилотите на крајот морале принудно да слетаат во Тајланд.

Боинг 777 на Singapore Airlines полета од Велика Британија во понеделникот во 22.17 часот по локално време.

Меѓутоа, во еден момент почнаа турбуленции додека летаа над областите со тропска бура.

Авионот потоа итно бил пренасочен кон меѓународниот аеродром во Бангкок, каде што слетал околу 16 часот по локално време.

Екипите на итната помош го чекале авионот, но според локалните медиуми, еден патник не можел да се спаси, а околу 20 се повредени.