Единствениот преживеан од несреќата кај Лепенец за првпат проговори – еве што му пренел на неговиот вујко
Денес во косово се погребани сопружниците Наим и Мерита Пацоли заедно со нивниот 16-годишен син кои трагично загинаа откако нивниот автомобил паднал во реката Лепенц на патот од Скопје кон граничниот премин „Блаце“ во саботата.
Како што е познато сообраќајната несреќа ја преживеа само нивниот 21-годишен син Шкелќими, кој успеал да излезе од возилото и да се спаси, објави „Газета Експрес“
Братот на Мерита, Џавит Висока, зборуваше за несреќата, која го остави во тешка емотивна состојба и за прват за јавноста откри што му пренел неговиот внук.
Џавит Висока е брат на починатата Мерита, кој кажа дека неговата сестра и нејзиното семејство биле државјани на Норвешка. Мерита и нејзиниот син доаѓале во Косово од Скопје.
Неговиот зет Наим и внук Шкелќими заминале во Македонија да ги пречекаат на аеродромот во Скопје, бидејќи претходно пристигнале во Косово.
„Семејството, движејќи се од Скопје, пред да стигнат до граница, има тунел во изградба и имаат ставено семафор таму пред тунелот, според полицискиот извештај возило „тигуан“ на лице од Скопје се обидело да претекне на зелено на семафорот, само малку го допрел возилото и бидејќи реката е блиску, паднале“, изјави Висока за весникот „Експрес“.
Тој рече дека автомобилот го управувал синот на парот, 21-годишниот Шкелќими. Семејството во Косово доаѓало на летниот одмор.
„Како и сите иселеници кои доаѓаат во лето, имаат голема куќа во Косово, имаат луксузен живот, летото доаѓаат два-три пати“, раскажа Висока.
На прашањето како е здравствената состојба на Шкелќими, тој рече дека не е добро и дека вчера ја слушнал веста за смртта на неговите родители и брат.
„Не е добро, имавме и надежи дека ќе се извлечат од реката. Но, кога ги видов труповите, останав без зборови“, изјави Висока.
Џавит Висока кажа дека Шкелќими ја отворил вратата од автомобилот во реката, а потоа некој од минувачите му понудил јаже и така тој успеал да излезе од водата. Но, автомобилот во кој биле неговите родители и брат постојано тонело во водата.
„Ни рече дека позади имало автомобил, но де факто на страна… Откако паднала во реката, колата со тркалата се свртела наопаку и паднала во реката. Кога колата паднала во река, му се отворила вратата и така излегол“, изјави Висока.
Веста за трагедијата во Лепенец самиот Шкелќим му ја соопштил на својот вујко. Телата на загинатите вчера пристигнале во Косово, додека погребот е денес попладне.