Жељко Самарџиќ проговори за борбата со болеста: Имам болест од која боледуваат само жени, светот ми се сруши

Пејачот Жељко Самарџиќ проговори за борбата со болеста која го натера радикално да го промени начинот на живот.

– Станува збор за автоимуна болест на тироидната жлезда која предизвикува повремени проблеми. Штом почнав со редовна терапија, се беше во ред. Секое утро пијам по една таблета и толку – започна пејачот и откри дека имал Хашимото многу долго, но дури подоцна го открил:

– Жените најмногу боледуваат од оваа болест, но мене ми се случи и се справувам со неа најдобро што знам. Подоцна дознав дека многу од моите пријатели имаат синдром на Хашимото, а јас го имав долго време без да знам – изјави пејачот, а болеста на Жељко Самарџиќ му го промени начинот на живот.

– Од моментот кога ми се случи Хашимото, како да ми се сруши светот, не знаев што не е во ред со мене. Сега продолжив со нормален живот бидејќи редовно земам терапии. На три месеци одам на преглед и земам крв. Болеста ме промени од корен. Порано земав чашка ракија или вино, но сега не можам затоа што морам да ги заштитам гласните жици. Кога тие ми работи, се е во ред.

Како што вели, Жељко Самарџиќ случајно дознал дека има Хашимото.

– Оваа болест ја открив кога одев на операција на симпатичкиот нерв за да не се потам, а по некое време се покажа дека е Хашимото, намалена функција на тироидната жлезда – откри тогаш Жељко.