За нашите граѓани од дијаспората ќе има големо олеснување при влезот во Македонија
Долгото чекање на границите на државата е најголема грижа на иселениците кои доаѓаат во татковината за новогодишните празници. Секогаш има ветувања дека ова прашање ќе се реши, но досега решение на терен нема.
Министерот без ресор задолжен за дијаспората, Џемаил Чупи вели дека имаат план за овој проблем.
„Имаме многу сериозна иницијатива за отворање на посебна лента само за нашите граѓани од дијаспората“, вели Џемаил Чупи за ТВ 21.
Што се однесува до недостигот од инвестиции од страна на иселениците во Македонија, Чупи ја наведува недовербата во државните институции.
„Враќање на довербата на иселениците од нашата дијаспора во државните институции, кога велиме државни институции мислам во целост и ако успееме да им ја вратиме довербата и да ги убедиме дека сме на вистинскиот пат и дека ќе излеземе во пресрет на нивните барања“, додава Џемаил Чупи.
Покрај тоа што се иселени пред неколку децении не се враќаат со никаква инвестиција, масовната миграција продолжува и кај помладите генерации.