Игор од Берово: За лек не можевме дури ни да сонуваме, а сега кога тој постои, ние сепак го немаме кај нас во Македонија

Игор Пехчевски од Берово се обрати до јавноста со искрена молба упатена до надлежните во државата, а во истата се вели:

„За лек не можевме дури ни да сонуваме. А сега кога тој постои, ние сепак го немаме кај нас во Македонија.

Состојбата од ден на ден на пациентите им се влошува и за жал нема назад ако не е достапна оваа терапија.

Сега веќе имаме неколку пациенти кои се постојано со кислородна поддршка и во тежок стадиум од бо леста.

Не смее да дозволиме овој број да се зголеми. Колку порано се започне со терапијата толку е подобро, бидејќи станува збор за прогресивна бо лест која прави ош тетувања најмногу на белодробието, но засегнати се и многу други органи“, порачува 31 годишнот Игор Пехчевски од Берово пациент со Цистична фиброза