Игор Пехчевски: Д-р Стојка ми рече дека за мене повеќе немало да има место во оваа болница доколку пак давам изјави за лекот Трикафта
Младиот Игор Пехчевски на пошироката македонска јавност и стана познат откако го крена гласот околу лекот Трикафта.
Овој млад човек кој е еден од неколкуте пациенти во Македонија со цистична фиброза повторно заврши во болничка постела.
Како што кажа иако болеста напредува, тој сепак не е помеѓу они пациенти кои што го добил лекот.
Игор преку социјалните мрежи и медиумите постојано е активен и апелила, моли и бара лекот. Па така беше и вчерва кога се огласи:
Д-р Стојка Фистуќ со дрзок тон и завчера и вчера дојде 2-3 пати во болничката соба и ми кажа доколку пак дојдат новинарски екипи за викендот да давам изјави за лекот Трикафта, дека за мене повеќе немало да има место во оваа болница за Цистична фиброза за лекување.
Докторке оваа болница не лично Ваша за да може така дрско да се однесувате со пациентите и да давате изјави дека пациентот ќе си оди на 15.04.2023г.
А имам документ со отпусна листа која е со датум 18.04.2023год. Како ќе ме погледнете во очи мене и другите пациенти за ова што ми го правите пред цела Македонска јавност.Дно дна.