Итра жена се досетила како со месеци да си точи бензин без да плати: Открила „дупка“ во законот и ја искористила над 500 пати

Откако една бензинска пумпа добила нови компјутери за наплата, 45-годишна жена од Линколн, Небраска, САД, открила дека може да добие бесплатно полнење ако двапати едноподруго ќе ја помине својата картичка за лојалност на пумпата.

Таа ја користела оваа грешка во системот речиси една година и наполнила 510 пати без да плати ништо, предизвикувајќи штета од речиси 28.000 долари на бензинската пумпа.

Сè започнало кога една жена забележала дека пумпата отишла во демо-режим првиот пат кога двапати по ред ја повлекла картичката за лојалност на операторот на пумпата. Во демо-режим, диспензерот работел без наплата.

Жената го злоупотребила овој пропуст во системот помеѓу ноември 2022 и јуни 2023 година. Ја користела својата картичка за лојалност неколку пати на ден, па дури и полнела гориво на други возачи возачи на кои им наплатувала гориво со попуст (како што им ја презентирала услугата).

Бидејќи картичката за лојалност не се користела правилно, таа не собрала наградни поени. Но, бензинската пумпа контактирала со полиција бидејќи сметките не и биле во ред.

По истрагата ја пронашле преку картичката за лојалност, а идентитетот и го потврдиле на камерите на бензинската пумпа.

Кога полицијата ја контактирала таа тврдела дека полнела гориво по намалена цена. Таа беше уапсена на 6 март, а судијата одреди кауција од 7.500 долари до нејзиното судење на 11 април.