Костадинка од Кавадарци е бездомник: Макар една шупа да има, јадам од канти и ако некој му купи нешто
Костадинка Колева има 49 години и чудна судбина. По претрпеното семејно насилство и оставени деца, денес е бездомник. Понекогаш единствена храна и се сончевите зраци. Често, и отпадоците во кантите за отпадоци . А, постела клупата во паркот и ѕвездите на небото. За да побегне од сиромаштијата на родителите Игњат и Марија се мажи првпат уште на не цели 15 години. Од тој брак раѓа една ќерка која пдоцна ќе порасне кај баба и и дедо и бидејќи татко и, сопругот на Костадинка умира, па таа после шест месеци се премажува за друг. Вториот брак на ова жена можеби ќе биде подолготраен но, и понеподнослив. Цели 18 години таа заедно со трите сина ќе биде тепана и малтретирана. Целата глава вели таа и со лузни од семејното насилство.
А, уште повеќе душата. Зашто таа и ја памети секоја траума и солза. Нејзина и на нејзините деца. Едниот син, најмалиот кој денес сеуште е малолетен од страна на сопругот на само три години вели Костадинка, бил принудуван да питачи и бил однесен во дом. Таму е сеуште. Другите два сина се снаоѓаат сами како знаат и умеат.
Тоа го прави и Костадинка. Таа ја има само удобноста на клупата во Паркот во Кавадарци, и подрумите од зградите кога е студено во зима. Понекогаш и стреите на дуќаните. Така, и минатата зима. Нејзин дом бил плочникот до дуќанот на Зоки каде од хуманите луѓе изнудувала и ѓеврече или кифла за да го помине денот. Зашто со 5400 денари колку што зема оваа жена, неизводливо е да преживее 30 дена во месецот. Затоа, посакува макар една шупа за да може да ја стави својата глава. По можност да ги собере сите деца и повторно да бидат семејство. А, и кога ќе и дојде судниот ден да може да ја изнесат од простор кој ќе личи на дом, а не од клупата во паркот каде и минува животот.
Костадинка дошла на овој свет пред 49 години. Родена е порасната во кавадарци, иако поради сиромашниот живот се запознава и мажи со Стојан во Бањани, Скопска Црна Гора и раѓа ќерка. Но, тој брак трае многу кратко, зашто Стојан починал, а таа набрзо ќе се премажи и влезе во лавиринт од кој ќе се бори наредните 18 години неуспешно да излезе. На, крајот само за да се спаси од семејното насилство, принудена е да си ги остави децата, а таа да избега во Скопје. Набрзо пак, ќе се врати но, сега како бездомник, зашто сопругот ќе ги избрка и децата, најмалото ќе го даде во дом, куќата ќе ја продаде за само 200 евра, а и тој од премногу пиење алкохол ќе почине-вели Костадинка.
-Иако не сум многу стара живеам како да имам сто години. Така се чувствувам. Изнемоштено. Осамено. Не беше многу идеално кај моите и со детски памет на само 15 години се омажив. Добро беше во бракот со Стојан. Родив една ќерка и таман требаше да ја растеме сопругот умре. Тука ми започна голготата. Јас ја оставив малата кај моите, ама од браќата бев принудувана да заминам од таа куќа па, морав да се премажам. Се омажив со ром кој од прв ден ме тепаше и малтретираше. Сите пари ги трошеше на алкохол. Децата ми ги тепаше пред очи. Три сина му родив, ама сите ги малтретираше. Најмалото го правеше сакато и тераше да питачи, дури и го даде во дом. А, најголемото го врзуваше по цела ноќ на дрво. Многу трауми имаме преживеано и јас и децата. За нив ми е и повеќе жал- вели Костадинка.
Времето поминува, годините се нижат. Децата на Костадинка го фаќаат својот пат, а таа се подлабоко тоне. Веќе со години е бездомник. Ненахранета, неизбањата, ненаспана. Дом и е само паркот во Градот. Кревет клупите, а прекривка ѕвездите. Во зима спие и по подруми за да не премрзне. Се храни со скромните 5400 денари социјална помош, а кога останува и без нив за храна се снаоѓа и во канти за отпадоци. И, ќе рече: „Душата ме боли и за себе и за децата, па сакам да имам барем една шупа за да ја ставам главата и соберам децата, и еден ден макар да трае ама да бидеме семејство.
-Веќе со години сум бездомник. Бегав од мажот барав спас, никаде не најдов. Децата ми пораснаа. Малиот син уште е во дома. Немам услови за да го земам. А, колку сакам да сме семесјтво. Макар една шупа да е моја да е. Со сите деца таму да бидам. Денес живеам со 5400 денари. Тоа е малку за да плаќам стан под кирија, кога не ми стигнуваат ниту за јадење. Затоа, спијам на клупите во паркот. Јадам ако нкој ми купи ѓеврече или кифла, а, некогаш барам и по кантите за отпадоци. Во зима спијам по подруми зашто е ладно, а на лето во паркот на клупа. Ако анстинам просам по аптеките едно апче за да ми биде подобро. Никој не ми помага затоа вие сте ми псоледна надеж-завршува Костадинка за „Срце на дланка“.
Доколку сакате да и помогнете на Костадинка тоа можете да го направите на нејзиниот телефоснки број 075876760 или на оваа жисро сметка 200002534225193