Македонската пејчака: Ми понудија стан, кола и дека ќе ме спонзорираат
Кристина Димитријевска која ја освои тутулата на Мис Балкан, е една од нашите најпознати манекенки, фотомодели и пејачки попозната како Кристина Димитри.
Најчесто е поврзувана со епитетот бившата на Кајмакоски, но вели дека не се срами од тоа, а сигурна дека со градењето на кариерата, со успесите кои ќе следат, тоа ќе се тргне.
Но, Кајмакоски си продолжи по својот пат и неодамна повторно се ожени, а Кристина полека но сигурно ја освојува македонската музичка сцена.
Таа пред некој ден беше гостин во емисијата ,,Жешко Столче” каде проговори за прекинувањето на соработката со Диџеј Боно, како и за нејзината кариера, но и за непристојните предлози што ги добила.
– Некој работи се променливи во мојата професија, а некој остануваат како што сум јас, ние со диџеј Боно никогаш не планиравме дека секогаш ќе останеме заедно.
– Секој по својот пат си продолжи, но искрено му посакувам се најдобро, но ете до тука била работата, вели Кристина Димитри.
– Имам понуди за настап, но моментално мирувам и не настапувам, конкретно работам на следните проекти, летото ќе се пуштиме на најсилно.
Еден од најнепристојните предлози што сум ги добила, беа лично и тоа ми понудија дека ќе ми препишат стан или кола и дека се ќе ми спонзорират.
– Во тој момент бев многу изреволтирана, бидејќи нема ништо повеќе понижувачки некој да ти каже нешто такво во лице.
– Јас капирам дека денес девојките се подложни на такви работи, но не секоја атрактивна девојак е подложна на такви работи.
– Јас немам никаков спонзор, се што правам, правам самата себе си. Луѓето озборуваат бидејќи гледаат дека некој успева и не можат да му најдат црна точка тогаш ќе измислат.