Македонски Албанци вечерва ги фрлија во „екстази“ Албанците – „гори“ во Албанија, Косово и Македонија

Албанската фудбалска селекција e пред портите на Европското првенство откако вечерва во Тирана запиша голема победа во квалификациите.

Селекцијата на нашите западни соседи славеа и повеќе од убедливо против Чешка со резултат од 3-0.

А повторно херои за „црвено-црните“ како и на претходните дуели во овие квалификации беа родени Македонци. Поточно Скопјанец и Кумановец, играчи кои не така далеку во минатото играа за Македонија.

Радоста на Албанците ја најави Јасир Асани уште во 9. минута од мечот кога одлично погоди за 1-0. На 5 минути пред крајот на првиот дел Чешка остана со играч помалку по црвениот картон на Чутил.

Тоа во вториот дел Албанија знаеше да го искористи, па Таулант Сефери во 51. минута погоди за 2-0. А родениот Кумановец со својот втор гол во 73. минута само ја потврди победата за голема радост на својата нација.

Ова ќе биде долга за ноќ за Албанците, како во Албанија и Косово така и во делови од Македонија каде што се следеше организирано на плоштадите како во Скопје, Тетово, Куманово…