Максим Димитиревски: Сега кога гледам што прави Џафери, рака да ми се исуши

Актуелниот градоначалник на Куманово и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски вечерва е гостин на поткасот кај Лазаров.

Димитриевски беше прашан за 27 април и настаните што се случија таму.

-Јас лично сметам дека тоа не беше тероризам, туку учество во толпа. Мене главата ми ја отворија и знам кој го стори тоа со статив.

Но тогаш јас верував во тој концепт, но кога гледам денес што прави Талат Џафери и си вработува деца и слично, рака да ми се исуши.

Ова не е едно опшество за сите, ова е едно опшество за нив. Ако сега ме вратат во времето, и јас би истепал некој од тие што ги бранев.