Максим Димитриевски: Г-динот Груби да престане со играње фудбал и партиските журки за соло пеење
Поради големината и важноста на вчерашниот празничен ден се воздржав од било каков коментар на навредите и инсинуациите кои ги изнесе господинот Груби кон мене и поради тоа денеска ќе дадам мој коментар и ќе поставам неколку прашања до него:
Изненадувачка е паничната реакција на г-динот Груби изминатите два дена. Вокалубарот кој што го употребува личи на заканувачка реторика од улица. И тоа не ме чуди.
Колку ме служи меморијата г-динот Груби заплива во политичките води како резултат на насилие меѓу две навивачки групи. Кариерата ја започна како организатор на рушење на започнатата музеј црква на Кале.
Продолжи заедно со своите компањони со демолирањето на салата на новиот театар во Скопје, а денес е познат како човек кој го води најсомнително коруптивниот проект во државата и за надзор на круцијален капитален проект кој вреди неколку милијарди долари, избрана е фирма која е производител или тргува со долен веш.
Патем, му ја палат приватната кола во која се вози, а не е на негово име? Да му порачам, дека таквите изјави, кај мене не му палат и не поминуваат ниту пак можат да ме заплашат. Погрешна личност сте одбрале г-дине Груби!
Ако внимателно ја проследите изјавата на Г-динот Груби тој вели, цитирам: ,,ПОСОЧЕНОТО ЛИЦЕ,, и дека темата на разговори во Будимпешта биле ,,ИЗМЕНИТЕ ВО КРИВИЧНИОТ ЗАКОН,, Јас никаде во моите прашања до г-динот Груби не споменав ниту лице, ниту тема на разговори!?
АМА КОГА НЕКОЈ СИ ЈА ИМА МУВАТА НА КАПАТА, ПОТСВЕСНО СИ ДАВА ОДГОВОРИ. Јас сум му благодарен за тоа. Тој должи одговор на јавноста не на мене? Би го замолил да биде попрецизен и да даде одговор.НА КОЕ ПОСОЧЕНО ЛИЦЕ МИСЛИ? И КОЈА Е ТЕМАТА НА РАЗГОВОРИ СО ПОСОЧЕНОТО ЛИЦЕ?! А денес ќе поставам и неколку бонус прашања до г-динот Груби.
Дали е точно дека е одржана средба меѓу тесното раководство на СДСМ и ДУИ на која е одлучено да се побара помош од Будимпешта? Дали е точно дека на таа средба е одлучено лице за контакт со Будимпешта да биде г-динот Груби?Дали е точно дека за помошта од Будимпешта, побарано е закон за “амнестија” (актуелните измени на членовите во КЗ) и обзбедување на дополнителен број на пратеници за уставни измени?
За местото на одржување на средбата меѓу тесното раководство на СДСМ и ДУИ, и темите на истата, во некоја друга прилика.
Пред да ми одговори на поставените прашања, го молам Г-динот Груби да престане со играње фудбал и партиските журки за соло пеење на неговиот шеф во неговиот кабинет, да се смири, да се концентрира, да размисли, и потоа да даде овој пат искрени одговори бидејќи ние му ја плаќаме и платата а и кабинетот како даночни обврзници