Миле Паника се огласи по добиениот медал, па се правдаше зошто користи Северна Македонија
Бранко Огњановски попознат како Миле Паника од К-15 на својо инстаграм профил се огласи откако доби медал за заслуги од претседателот Стево Пендаровски.
-Добивме Медал за заслуги за Република С. Македонија. Ова признание не би било можно без подршка, инспирација и работа на многу луѓе со кои го делевме ова долгогодишно патување.
Им благодарам на сите соработници кои беа со мене во сите овие години, на целото семејството, и пријателите кои секогаш беа покрај мене и ме поджуваа кога беше тешко но и се смееа и радуваа на успесите. Особено им благодарам на Васко и на Бубо без кои овој успех немаше да се случи.
Хуморот има моќ да ги спојува луѓето, да ја лечи душата и да ги осветли и најтемните моменти. Со К-15 се трудевме да донесеме насмевка на лицата на гледачите и покрај предизвиците и тешкотиите кои секојдневно ги живееме.
И затоа, овој медал не е признание само за нас како поеднци, туку за целата наша публика, за сите кои се смееа заедно со нас, кои го препознаа нашиот хумор, и кои ни помогнаа заедно да дојдеме до ова дереџе. Ви благодарам на сите.
(П.С. Би сакал да го нема тоа “С” во објавата, но така стои на медалот, иако заслигите ни се во време кога бевме Република Македонија)