„Ми велат дека сум ѓубрар – сите се исмеваат на мене“ – момче собира ѓубре за да преживее: Две години не сум јадел месо
Снимката од момче кое собира ѓубре за да го прехрани своето семејство го обиколи светот и трогна многумина.
На страницата на Инстаграм која се занимава со хуманитарна работа и им помага на најранливите луѓе од Блискиот Исток, „Spotlight Humanity“, се појави видео од тинејџерот Кусај, кое брои милиони прегледи.
Информациите за тоа кој и од каде е младиот Кусај, кој секојдневно ја врши најтешката физичка работа за да му помогне на семејството, не се познати, а како што низ солзи раскажуваше, поради работата што ја работи секојдневно доживува малтретирање.
– Ми велат дека си ѓубреџија. Сите ме исмејуваат – низ солзи вели ова момче.
Нема пријатели, а на прашањето кога последен пат пробал пилешко, вели дека сигурно било пред две години.
-Јадам леќа, а понекогаш и ориз, одамна не јадев пилешко. Последен пат го јадев пред околу две години. Бевме поканети во куќа и ни дадоа пилешко да јадеме – вели Кусај бришејќи ги солзите.
View this post on Instagram