Наум Петрески се налути: Невероватно е како се котат такви битанги, ќе го најдат во некој ендек со гаранција
Кога Наум Петрески настапува забавата и атмосферата секогаш е загарантирана. Неговите песни и хитови се едни од најслушаните, како кај нас, така и во дијаспората кај нашиниците.
Настапувал на речиси сите фестивали во Македонија и на голем број во странство, а одржал голем број на концерти ширум светот.
Од 1990 г. почнал професионално да се занимава со музика и до ден денес остварил многу успеси на музичко поле и секогаш останал доследен на корените на македонската фолклорна музика.
Петрески често знае да остави по некој коментар на Фејсбук, па така и овојпат кај неговите помлади колеги од ДНК.
Инаку, ДНК имаа прекрасен настап во Тетово за кој споделија фотографии, а Наум Петрески им искоментира со прашањето дали биле преку Цезар. Фронтменот на ДНК, Владимир му врати:
„Преку такви преваранти кои сеуште лажат луѓе и не се во зат вор не идеме никад. Не сме од вчера знаеш тате
Среќа не успеа да не зезне нас, ама останативе уште не добиле пари за жал за чесно сработена работа. Ќе одговара секако и ќе јаде туж ба од сите пред се дека е шуп ак и пато лошки л’жов.“
На тоа Наум одговори: Невероватно е како се котат такви битанги и преживуваат што е најжално ама Цезар е врв на битангите во државава и ќе го најдат во некој ендек со гаранција.