На повидок ли е голем пресврт, Радио Лидер со нови детали: Еден од нaпaѓачитe и самиот бил Бугарин
Огромна фама се крена околу счучајот на Охриѓанецот, Христијан Пендиков кој се декларира како Бугарин, а кој заврши во болница откако неколку лице решил физички да се пре сметаат.
Цел политички врв како во Бугарија, така и во Македонија се крена на нозе и следеа бројни реакции, а младото момче веќе е во Бугарија каде што со воздухоплов беше пренесено на понатамошно лечење во Софија.
За Христијан веќе е познато дека имал кри минално досие, а во јавноста веќе кружат можните причини за она што довело до настанот.
Денес, Радио Лидер сподели нови детали кои засега не се ниту потврдени, ниту демантирани од надлежните власти во Македонија.
„До сега се уапсени тројца н апаѓачи, но се уште трагаме по четвртиот. Знаеме дека станува збор за човек кој е бугарски државјанин и кој живее во Битола.
Го имаме неговиот идентитет, но тој е во бегство. Постојат индиции дека е можно да побегне во Бугарија или веќе да е побегнат таму“ вели изворот кој го цитираше Радио Лидер.
Она што е познато е дека за целиот случај се уште постојат низа нејасниоти кои во следните денови треба да излезат на површина.