Никола Тодоров: Протестира против Бугарите, а во лев џеб има бугарски пасош
March 2, 2024
На поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“, водителот Сашо Ордановски рече дека истите тие што ги отвораат бугарските клубови се тие што после ги палат и чекаат да бидат претепани.
„Тоа секаде, како исто друштво ми доаѓа, а целава нација е на работ на нервоза, затоа што едно исто друштво не матка со децении“ рече Ордановски.
Со него се согласи и поранешниот министер за здравство и образование од владите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров.
„Ќе оди да протестира против Бугарите, а во лев џеб има бугарски пасош“ рече Тодоров.