Ништо од најавената турнеја: Наум Петрески откри зошто со колегите не отпатува за Австралија

Бројни македонски пејачи после ослободување на мерките од короната заминаа и одржаа турнеи во Австралија, а многу веќе имаат закажано.

Но во последно време нашите музичари наидоа на неочекувани проблеми.

Минатиот месец организаторот Арена Евентс, известе дека нема ништо од настапите на Класико Бенд, посочувајќи дека неочекувано биле одбиени за визи.

Според првичните најави, Наум Петрески, ДНК и Пајак требаше да одржат три концерти, и тоа на први декември во Сиднеј, на втори декември во Мелбурн, и на осми декември во Перт.

Но истите не се случија откако пејачите не отпатуваа во земјата на кенгурите.

-Најверојатно турнејата ќе се одржи во април или мај наредната година. Одложена е поради доцнењето на визите – изјави Наум Петрески за Фокус.мк