Од полициска станица се огласи ќерката на убиениот Панче: Кажа дали татко и се познавал со Вања
December 3, 2023
Полицијата вечерва ја потврди смрта на двете исчезнати лица, 14 годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 74 години од Велес.
Во разговор за Фокус.мк изјава директно од станица даде ќерката на Панче, Македонка.
– Ниту татко ми, ниту било кој од нас го познавал девојчето лично. Јас сум во полициска станица, уште не знам ништо, освен тоа дека татко ми бил пронајден мртов, закопан.
За тоа дека мотивот за убиството бил користољубие, првпат слушам од вас, од новинарите. Не сум го прочитала соопштението од МВР, но можам да кажам дека татко ми никогаш не бил богат човек, затоа и терминот користољубие не знам што значи.
Во станица сум, не можам ништо повеќе да кажам, бидејќи и јас немам детали – истакна ќерката.