Очевидец со траорно сведоштво како пријател го засолнил ранетиот Македонец и веројатно му го спасил животот
Во престрелката што се случи вечерва во Улица „Максим Горки“ во Врачар, Белград како што е познато ранет е и еден Македонец.
Во престрелката е повреден и македонскиот државјанин Д.Л. (21). Тој беше застрелан во грбот. Засега не се знае дали бил во друштво на А.П, или пак случајно бил ранет.
– Ранетиот Д.Л., бил донесен од негов пријател на влез во соседната улица Новопазарска. Таму го сокрил и повикал полиција и брза помош.
Тој и ранетиот другар се движеле од Његошева кон улицата Максима Горки, кога пред позната обложувалница дошло до пукање. Кога некако го донел пријател до влезот, тој одел и ја стискал главата од мака- вели соговорник за Курир.рс
Брзата помош и полицијата набрзо пристигнале, а кога ранетиот македонски државјанин бил внесен во автомобилот, на грбот биле видливи две крвави рани од куршуми.