Панчо ДНК: Доколку сакате да настапувам покрај хонорар мора да исполните и еден услов
Музичкото дуо ,,ДНК” веќе 20 години е дел од македонската музичка сцена, самите години говорат за нивниот успех и издржливост.
Членови на групата се Владимир Блажев – Панчо и Андреја Ѓорѓиески – Андреј, кој имаа завидна кариера и многу музички хитови.
Исто така оваа музичка двојка е присутна таму каде што најмногу ќе затреба, познати се како големи хуманитарци со многу дела зад нив.
Многу генерации израснаа со нивните песни, а и сега растат со нивните нови музички дела кој ги освојвуаат срцата на многумина.
Неодамна тие го прославија својот јубилеј со спектакуларен концерт каде арената беше претесна да ги прими сите гости.
Владимир Блажев или попознат како Панчо од ДНК важи за човек кој нема проблеми да зборува отворено и без влакна на јазикот.
Тој е познат и како диџеј Шорти П, едноставно музичар и диџеј во душата која долги години со успех опстојува на македонската сцена.
Исто така важи за човек кој си ја сака и почитува државата и е голем патриот што го докажал многупати. Тој често на социјалните мрежи знае да сподели по нешто па така беше случајот и овојпат.
Актуелна тема во земјава е замрзнувањето на цената на лебот, а по ова одлука се огласија многу пекари дека ќе го запрат или ограничат прозиводството,
Токму по оваа објава се огласи и Панчо, каде најави промена околу своите услови за ангажирање при настап како диџеј или како дуо ДНК.
– Од сега сите што ќе ме букирате како диџеј или со ДНК, ве известувам дека покрај хонорарот мора да добијам и две векни леб, стои во објавата на Панчо.