Познато кој го купи еден од конфискуваните станови на Мијалков

Охридскиот бизнисмен Беким Земоски е сопственик, односно купувач на еден двата конфискувани стана во Охрид од предметот „Империја“ на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков.

Двата стана во Охрид, проценети на околу 1.300 евра по метар квадратен, се првите недвижнини што Агенцијата за управување со одземен имот ги продаде како одземени од Мијалков.

Деновиве е направена промена на сопственоста на станот во Катастар, па наместо Република Северна Македонија, сега го пишува името на Беким Земоски од Охрид

Од она што е познато, Земоски е сопственик на консталтинг компанијата Де-Инвест, која уште од 2007 година соработува со голем број реномирани интернационални клиенти ексклузивно застапувајќи ги во настапот на меѓународни пазари.

Станот кој го купи бизнисменот е со квадратура од 114 метри квадратни и е сместен во елитниот комплекс на една од плажите „Горица“ во Охрид, пренесува Фактор.мк