Се урна авион во Германија -првичните информации велат нема преживеани
Две лица заг инаа при уривање на мал цивилен авион „Лирџет“ во близина на воздушната патека на НАТО во близина на Рендсбург, Германија, објави денеска „Билд“.
Авионот бил изнајмен од германското воздухопловство, а двајцата пилоти заг инале во, како што се вели, тренинг лет.
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус ја потврди веста за соборувањето на авионот.
Н есреќата се случила по полетувањето, а авионот требало да полета за провинцијата Долна Саксонија.
На местото на не среќата излегле голем број пожарникари и полиција, а се уште не се познати околностите кои довеле до падот.
Во доцните попладневни часови од базата се ширеле облаци од чад, а на аеродромот можеле да се забележат урна тини и пожарникари, јавуваат германските медиуми.
Федералното биро за истраги на воздухопловни несреќи (BfU) го потврди инцид ентот.
Според портпаролот на BfU, Гермут Фрајтаг, тим од Брауншвајг е на пат кон местото на не среќата за да го истражи падот на цивилниот авион.
Сојузната агенција веќе изјави за германската новинска агенција дека авионот вклучен во не среќата бил цивилен Learjet кој се користел да се претставува како цел на воздухопловните сили – односно делува како непријателски или непознат воздушен објект во ситуации на обука.