Сите сакаат да се сликаат со неа кога ќе ја видат зад воланот: Горда сум што сум најжешката жена таксист – а ноќните тарифи ми се поскапи
За многу луѓе кои имале можност да ја видат, Џојс Тодео е најубавата жена која вози такси. Иако сосема случајно се впушти во оваа работа, не крие дека дефинитивно ужива!
Џојс Тодео има 33 години и е таксист во Манила, Филипини. Долго време работела како модел, а дипломирала и психологија. Сигурно со ваква биографија можела да најде каква било работа – сепак одлучила да стане таксист.
Таа добила прилика да вози такси сосема случајно, бидејќи во една прилика нејзината колешка од работа ја замолила да скокне неколку дена и да направи неколку возења за неа.
– Додека работев во модна агенција, мојата шефива ме замоли да ја возам низ градот неколку дена за да може да заврши многу задачи. Па јас само продолжив да го правам ова. На луѓето им е интересно што жена е зад воланот, тоа воопшто не го очекуваат.
Најчесто се чудат кога ќе ме видат зад воланот, а често од мене бараат да се фотографирам, па почнав дополнително да внимавам на својот изглед.
Секогаш сум добро облечена, нашминкана, често носам фустани. Благодарение на тоа стигнав до голем број редовни клиенти кои бараат да ги возам. Попатно често правиме муабет и се фотографираме – ја започнува приказната оваа жена за медиумите.
– Ми се случи да имам јавувања во 2 или 3 часот по полноќ и да отидам на возење. Ноќните тарифи се поскапи.Сакам да комуницирам со луѓе и горда сум на фактот што сум најжешката жена таксист.
Не ми пречи да се подготвувам со часови за мојата работа, сакам да изгледам убаво. Бидејќи го имаат мојот број, многу од клиентите што ги возев со такси ми се јавуваат подоцна да се дружиме. Многу мажи би излегле со мене, но јас никогаш не ги мешам работата и задоволството – додава низ смеа оваа убавица.
– Кога веќе не возам такси, би сакала да започнам сопствен бизнис – објаснила таа, а пренесува британски Сан.