Славчо Попоски ептен се изнервира – се закани со адвокат и тужби
Славчо Попоски се оглси на својот фејсбук профил видно неевозно и порача:
Почитувани читатели, почитуван фејсбук аудиториум.
Сакам да Ве известам дека извесен период сум мета на недолични коментари на моите лични социјални мрежи, кои истите се карактеризираат како расистички, говор на омраза по пат на компјутерски систем – па сакам да ги известам оние кои сами ќе се препознаат дека имаат рок од (24 часа) истите да ги повлечат односно (избришат) од било кој натпис/објава/статус од моите лични фејсбук профили, доколку тоа не го направат, мојот Адвокатски тим ќе собере докази и секој кој упатил лична навреда кон мене ќе биде соочен со лицето на правдата.
Тука нема да застанеме, и на новите објави доколку се упати било каква навредлива содржина кон мене, мојот тим ќе ги собира истите и ќе работи согласно законите.
– Мојата работа која ја работам е од јавен интерес, но истата може да ја заобиколите и да не ја читате, додека успесите од истата на дело се гледаат, некогаш и грешиме, но во целост ја известуваме јавноста колку што можеме на време, за таа цел на таквите навреди на лична основа јас никогаш не сум вратил, а уште помалку сум се препукувал во иста мера, така да, таа омраза према човек кој може само да ве извести за работа која треба да ја знае човештвото – стварно незнам зошто и до каде така.
Се поклонувам пред вашата доверба и топло Ве поздравувам и Ви посакувам пријатен викенд со нови прогнози за временската состојба.