Стојанче Ангелов јавно откри и призна: Искршив автомобил со бугарски регистарски ознаки
Поранешниот генерал Стојанче Ангелов, а сега прв човек на ЦУК постојано е присутен во медиумите. Па така беше и во текот на изминатата вечер.
Ангелов гостуваше на поткастот на Лазаров каде што говореше на многу теми, како и на детството поминато во Штип.
„Јас уште како мал бев бунтовен. Бев помеѓу првите членови на младината на ВМРО – ДПМНЕ во Штип. Во 1991 година носени од желбата за самостојна и независна Македонија правевме многу герила акции.
„Но еве една ќе ви откријам. Имено бевме дестина луѓе, по состанок на Исарот решивме да искршиме два автомобили во центарот на градот, пред хотел Астибо.
Мене ми се падна да искршам автомобил на бугарски регистарски ознаки, а друг група искрши автомобил на српски ознаки. Утре дента се вратив на местотот на злосторот, вриеше полиција, имаше увид, еден куп народ“.