Сузана Турунџиева се пофали со убава вест: Матеа е по вторпат тетка

Кога станува збор за нашата Сузана Турунџиева може да кажеме само убави работи. Храбра жена со низа професии – наставничка по музичко, водителка на утринска емисија, изработувач на персонализирани подароци, но и голем хуманитарец.

Иако животот многу не ја милуваше Сузе, таа со нејзината најголема потпора, ќерките Матеа и Лора го продолжија животот за да дочекаат само убави моменти.

Пред шест ипол години животот ја каз ни Сузе со тоа што и го одзема нејзиниот сопруг Марјан Јовановиќ, а неодамна по тешка бо лест се упокои и неговата мајка, а нејзина свекрва Лена.

Но, животот и дава и убави моменти, па така Сузе веќе е баба – постарата ќерка Лора и подари внук. Сега, Турунџиева сподели уште една убава вест поврзана со ќерката на нејзиниот поранешен сопруг.

Универзумот е непогрешлив и точно знае кога, што ни е потребно. Добредојде на свет мило бебенце и внеси многу радост и насмевки во животот на мама Мила и тато Аце.

Биди им светилник, биди им сила и причина повеќе за да ја растат и множат љубовта секојдневно.. Матеа е по втор пат тетка и на радоста и нема крај..

Животот е тркало во кое едни заминуваат, ама други доаѓаат, за да не потсетат дека животот е вистинско чудо. Фала ти животе