Сo нетрпение се чека утрото – многу нешта ќе бидат појасни: Сите очи ќе бидат вперени во нив
December 4, 2023
Освен соопштението од МВР лиферувано до јавноста вечерва, изостана обраќање на прес-конференција од надлежните, нешто кое многумина го очекуваа.
Такво нешто ќе се случи утре кога се очекува многу нешта да бидат појасни.
-Утре, (04.12.2023) во 9:30 часот, министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски и Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски во зградата на Јавното обвинителство ќе одржат прес конференција.
Ги покануваме заинтересираните медиуми да присуствуваат на прес конференцијата.
Воедно, известуваме дека работните средби во СВР Куманово и Регионалниот центар за гранични работи Север, кои беа закажани за утре, се откажуваат, порачаа од МВР.