Тони Михајловски порачува: Децо палете патиките на време
Тони Михајловски Шанац е човек со низа професии кој е истакнат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, водител на радио и телевизија и стоечки комичар, а пред некое време и мошне активен во политиката.
Михајловски е роден во Куманово на 1 јули 1967 година. Тој по завршувањето на Факултет за драмски уметности во Скопје, станува член на Драмата при Македонскиот народен театар во 1994 година.
Јавноста го памети по неговите славни улоги во филмовите Буре Барут, Панкот не е мр тов, Трето полувреме, До Балчак, а игра и во хит серијата Сенки над Балканот.
Во 2010 тој станал добитник на наградата за најдобар глумец на петтиот меѓународен театарски фестивал „ЈоакимИнтерФест“ во Крагуевац, Србија.
Михајловски почесно доби уште една награда – наградата „13 Ноември“ од страна на Град Скопје за особена заслуга и остварување во областа на уметноста.
Тони е секојдневно активен на социјалните мрежи, па често знае да сподели некој статус поврзан со тема која го засега општеството, па и земјата воопшто. Така и овојпат на својот Фејсбук профил сподели:
Пак ќе кажам “децо палете патиките на време”. Одете некаде каде што ќе ве почитуваат и ќе ги ценат вашите вредности. Не дозволувајте политички кловнови да ви ја кројат судбината.