Трифун Костовски откри што сакал да направи за Тоше Проески, но не му дозволиле
February 10, 2024
Бизнисменото и екс градоначалник на Скопје, Трифун Костовски гостуваше во поткастот на Стефан Лазаров каде зборуваше и за Тоше Проески:
-Политичките ривали и некои медиуми направија од мене дека сум непријател на Тоше Проески. Јас тогаш реков дајте сите да се простиме од него како што доликува, а тие истиот ден го донесоа и го погребаа.
Јас се залагав како градоначалник на Скопје на плоштадот каде што е сега фонтаната на Александар да биде фонтаната на Тоше, но не успеав.
Јас лично го знаев Тоше, тој често беше со Кометал, гостуваше со нас, пееше. Беше во врска со Адријана, тој ни беше како зет, рече Трифун.