Уапсена извршителка од Кичево: Тепала новинар и полицаец, притоа оштетила опрема и уништила службени материјали
March 22, 2024
Министерството за внатрешни работи во својот денешен билтен информира за сериозен инциден, а притоа за истиот се вели:
На 21.03.2024 во 23.20 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода В.Ј.(60) од Скопје.
Таа, претходно, на улицата „Трајче Стрезоски“ во Кичево физички го нападнала Ф.С.(33) од Скопје и ја оштетила неговата службена опрема, а потоа во службените простории на ОВР Кичево, каде била повикана на разговор, физички го нападнала полицискиот службеник и го уништила изготвениот службен материјал.
По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Инаку станува збор за новинарот Фуркан Салиу и извршителката Весна Јакимовска.