(ФОТО) Игор Џамбазов меланхоличен: Некогаш бевме добар пар, ама нема
Едни од најпознатите телевизиски лица во Македонија несомнено се Игор Џамбазов и Марјана Станојковска. Кај двајцата доминираат шармот и позитивната енергија која ја шират околу нив.
Игор Џамбазов со оправдание го носи епитетот на еден од најдобрите и најпознати Македонци, човек со неколку професии кој нема кој не го знае.
Пред се шоумен, македонски глумец, забавувач, ТВ-водител, музичар, писател, режисер на музички спотови и текстописец – тоа е единствениот Игор Џамбазов.
Минатата година Игор го доби и големото признание, односно награда за животно дело насловена по неговиот дедо Петре Прличко.
Згодна, атркативна, харизматична, шармантна, професионална…..се некои од епитетите кои може да и ги дадеме на македонската водителка Марјана Станојковска.
Марјана е една од најактивните и најангажираните водителки, па ако не ја гледаме да го води „Лото“, тогаш може да ја видиме во разни други водителски ангажмани.
Иако не многу често, Игор знае да објави по некоја фотографија со неговите драги колешки, а овојпат не можеше да одолее а да не се пофали за нешто што спремиле заедно со Марјана па напиша на Инстагран:
The show must go on…@marjanamay и јас некогаш бевме добар ТВ пар.А и сега би биле.Ама нема шоу. Денес снимавме нешто многу слатко и меланхолично.”Се гледаме ретко, ретко ама многу квалитетно…”