(ФОТО) Македонската пејачка ужива во луксузен крузер: Видовме навистина преубави места низ Мексико, Хондурас и Бахамас
Анета Наковска е една од најпопуларните пејачки на фолк музика во земјава, а со својот глас и енергија секогаш успева да направи одлична атмосфера каде и да настапува.
Зад себе има долга и многу успешна кариера, а нејзиниот приватен живот секогаш бил интересен за публиката, која сака да знае сѐ за пејачката. И таа не ѝ го ускратува тоа, но сепак во одредени дози.
Инаку, освен што е одлична пејачка, таа во приватниот живот е сопруга на охриѓанецот Спиро Крлевски со кој долги години е во брак. Спиро инаку живее во САД па нивната врска на почетокот беше на релација Америка-Македонија.
Во една прилика Наковска откри дека партнерот не само што ѝ дава максимална поддршка во градењето на естрадната кариера, туку дека и директно е вклучен во креативниот дел.
Наковска доста е активна на социјалните мрежи, каде освен фотографии знае да сподели и свои ставови во врска со актуелните случувања во земјава.
Освен тоа, со сигурност мора да признаеме дека пејачката ужива до максимум според она што неколку дена по ред го објавува на нејзиниот профил.
Имено, Наковска заедно со нејзиниот партнер и пријатели се на патување со крузер Ројал Кариби и посетуваат неколку прекрасни светски дестинации кои го одземаат здивот.
– Една недела од крузот помина многу брзо, имавме прекрасно време и видовме навистина преубави места низ Мексико, Хондурас и Бахамас.