(ФОТО) Нова трагедија во семејството Мустафов: По Ферус, денес почина и неговиот син

Пред скоро три месеци Македонија остана посиромашна за уште една музичка ѕвезда.

Имено, по кратко боледување Кралот на саксофонот Ферус Мустафов херојски се бореше речиси еден месец за својот живот но неуспешно.

Тој имаше мозочен удар на 26 април и заврши во болница, но докторите не успеаа да му го спасат животот.

Денеска, за жал пристигна уште една жална вест од семејството на упокоениот Ферус Мустафов.

Пријателите и колегите се простуваат од неговиот син Илми Мустафов, исто така музичар, свирач на саксофон и член на групата Огнени момчиња.Од него се прости иколегаата Џелал Агушев кој сподели на Фејсбук.