(ФОТО) Порасна ќерката на Ирена Спасовска – неверојатно е колку Тамара личи на мајка си
Македонската фолкерка Ирена Спасовска ужива во животот и сопствената слобода, користејќи го секој миг да се посвети на себе и својата кариера.
На домашната музичка сцена опстојува долги години, уште од далечната 1989 година, па добро знае дека на естрадата освен добра песна, потребна е и про вокација.
– На 16 години веќе бев најмалиот учесник на Фолк-фест Валандово во 1988 година, го имавме заедничкиот настап со Адријана, и сето тоа со молскавична светлина некако се одвиваше, и мислам дека до 20 години веќе го прошетав цел свет.
Не дека јас сум стара, туку едноставно почнав да пеам на 14-15 години, и затоа вела не суѕм ни толку стара, иако некој ќе рече: Леле, од кога пее Ирена? И сите добиваат една погрешна слика. Инаку сум во цутот на најубавата младост“, рече пејачката.
Иренче е горда мајка на Тамара која ја покажува во јавност само во исклучителни прилики како прослави, апсолвентски или пак родендени.
Тамара има нижо музичко училиште, средно училиште заврши со правен смер, а минатата година беше апсолвентка на АУЕ-ФОН Мултимедија и графички дизајн.
Ирена овојпат ја искористи приликата на Фејсбук профилот да сподели со фановите прослава по повод роденденот на ќерка си и напиша:
Среќен 23ти роденден Тамара, ќерко моја единствена. Биди ми жива здрава и секогаш среќна. Те сака мами.