(ФОТО) Свадбата на Мијалкови се спремала со денови – 40 вработени биле ангажирани само за уредување
Скопје вчера доживеа спектакл – толку голем, што и соседните медиуми напишаа за него.
А имаше и зошто. Имено, македонскиот тајкуна Сашо Мијалков правеше свадба на својот син Јордан Мијалков во Мериот.
Гости на свадбата беа многу познати личности од земјава и од странство, а истите ги забавуваа голем број на групи, пејачи, диџеи, балерини..
Ни помалку, ни повеќе главна ѕвезда на вечерта за која пишуваа сите медиуми беше балканската ѕвезда Цеца. Освен тоа, целиот ресторан каде се одржуваше свадбената прослава беше волшебен.
Италијанскиот фотограф Фрипа Франческо кој беше ангажиран, сподели дел од подготовките за самиот настан. Тој на својот инстаграм профил објави видео во кое напиша:
Поставки зад сцената. 5 дена работа, 40 вработени и само на половина пат сме, напиша тој пред три дена.