(ФОТО) Спенџарска за првпат објави јавно фотка со својот дечко
Има луѓе кои едноставно или ги сакате или не, а тоа важи и за инфлуенсерката и водителка Јелена Спенџарска која изминатиов период буквално не се прибра дома. Цело лето е некаде на пат и изврте неколку европски земји.
Во годините наназад Јелена Спенџарска се промовираше во едноа од најпрепознатливите и највпечатливи тв водителки во македонската јавност.
Згодната Беровчанка јавноста ја запозна преку утрински програми каде што е заштитен знак, а со гледачите секогаш знае како.
Спенџарска уште повеќе знае да привлече внимание со нејзиниот модерен, но истовремено префинет стил, а неретко знае и да си поигра со смелите комбинации во повеќе бои.
Во последно време се почесто се пишува и говори за нејзината љубов, а наводно таа е во врска со момче од соседна Грција.
Па така доцна синоќа објави фотка со него како гледаат филм, но повторно умешно не му го откри целиот изглед
Со мојот човек. Гледам Гејм оф тронс повторни – напиша на фотографијата објавена на стори.