Јелена Спенџарска: Куферите сум ги спакувала за еден саат, веќе не губам време
Јелена Спенџарска повеќе од една деценија во медиумскиот простор. Многу часови поминати пред камера и богато искуство на медиумско поле. Таа е една од најуникатните и најпрепознатливите македонски тв водителки.
Од неодамна ја обзнани својата љубовна врска со нејзиниот дечко и се пресели да живее со него во Солун. Спенџарска отсекогаш сака да патува и место не ја држи, па сподели момент од краткиот одмор за кој напиша:
Моето прво искуство со The lucky girl syndrome, кога станував и легнував со помислата дека јас сум најсреќната жена на светот која буквално добива што и да посака, ме донесе во овој преубав дел од светот кога прв пат во животот освоив награда и тоа – патување во @gloriahotels !
Куферите сум ги спакувала за еден саат. Веќе на губам време на комбинации кое со што ќе ни оди, како порано, и на крај пак ништо не сум земала! Сега ми е најважно да ми биде удобно и да уживам во моментот.
Посебно на вакви места, кои се создадени да го разбудат најдоброто во тебе, да те смират и инспирираат !
Месец мај за мене е идеален зашто нема воопшто гужва, се е толку мирно, тивко и лесно достапно. Идеална е и температурата, 25 степени за сончање или пливање.
Сосема неочекувано, имавме феноменален ден…(кога ќе ми текне колку се мислевме дали да дојдеме или не, лелее