Љиљана на 52 години роди ќерка, а нејзиниот татко се уште не сака да ја види: Родителството никому не треба да се форсира

Актерката Љиљана Јакшиќ, попозната како Салвета во „Курсаџија“, ја изненади јавноста со објавата дека на 52-годишна возраст останала бремена.

Таа во 2013 година родила здраво девојче по име Дарија, а таткото на нејзината ќерка не сакал да го види своето дете, ниту пак сакал да ја преземе одговорноста како родител.

– Партнерот се откажа во моментот кога сфати дека тоа се остварило, односно дека се случува. Оттогаш секој си тргна по својот пат. Родителството никому не треба да се форсира, не го обвинувам, но не го разбирам – изјавила актерката пред десет години.

Дарија денес е ученик и најголемата среќа на нејзината мајка, а новите слики покажуваат како таа за кратко време порасна во преслатко, паметно и среќно девојче чија мајка успешно го надокнадува отсуството на нејзиниот татко.

Да потсетиме дека за време на периодот на локдаун познато е дека актерката едвај врзувала крај со крај за да си ја одглед ќерка си, а неодамна откри како и успеала во тоа.

– Им должам голема благодарност на моите блиски пријатели кои ми пријдоа на помош кога сфатија дека не земам плата. Адвокатската канцеларија „Бутолен“ направи прекрасен хуманитарен гест и уплати годишна донација за мојата претстава.