📷 Антониа Гиговска: Искрено сега ми е многу тешко

Во изминатите неколку години пејачката Антониа Гиговска доживеа голем подем, но мораше привремено да ја прекине кариерата.

Имено таа реши да стапи во брачните води и од таа љубов се изроди синчето. Во меѓувреме се врати на сцената и продолжи таму каде што застана.

Гиговска е доста активна и на социјалните мрежи каде што на Инстаграм сподели:

-Девојки, дали ви треба уште една женска химна како „Могли смо у двоје“?

Искрено сега ми е многу тешко и не знам каква песна да ви понудам. Пишете ми во коментари каква песна сакате, ми треба ваша помош.