📷 Ќерката на Максим Димитриевски прерасна во вистинска убавица – Вероника го прослави 20-от роденден

Првиот човек на Општина Куманово, Максим Димитриевски често знае да привлече внимание во јавноста поради своите потези и ставови.

Успеа да добие втор мандат како градоначалник на Куманово, овојпат како независен кандидат што на некој начин е потврда дека граѓаните го сакаат.

Исто така партијата чиј што лидер е, ЗНАМ направи вистински бум на последните избори и влезе во собранието, а подоцна и во коалиција со ВМРО ДПМНЕ.

Тој освен што е успешен во својата кариера, исто така е и семеен човек, сопруг и татко на три деца – Милан, Вероника и Димитар.

Често е активен на социјалните мрежи каде споделува моменти како од професионалниот, така и од приватниот живот. Така и овојпат:

Среќен 20ти роденден Вероника, да си ни жива и здрава