Анета Молика утрово се огласи од далечната Австралија: Со голема радост ве известуваме
Како што е познато Анета Мицевска и групата Молика безмалку веќе два месеци се во Австралија каде во склоп на нивната турнеја имаа низа настапи.
Тамошните Македонци и тоа како имаа можност по подолг период во живот да ги слушнат и да се забавуваат со едни од најдобрите македонски музичар.
Ранов утрово, по македонско време на својот фејсбук профл се огласи Анета и притоа напиша:
Почитувани ФБ пријатели! Со голема радост ве известуваме дека заврши една наша Австралиска турнеја. Денес сме на лет за Македонија и воедно сакаме да ви се заблагодариме на сите вас што бевте заедно со нас овие 50 дена.
Посебна благодарност до КУД Јане Сандански од Мелбоурне на чело со Ромео Георгиев а исто така голема благодарност до сите оние поединци и домаќинства кои што ни помагаа на било кој начин за нашите концерти,забави и поминати денови да бидат повеќе од успешни и убави.
Следно наше гостуванје овде во Австралија ќе биде декември 2023 и дочек на новата 2024 година во организација на КУД Јане Сандански од Мелбоурне.
Со многу од вас ќе се видиме во Македонија и со нетрпение ве очекуваме. Останете сите со добро здравје и берикет. Голем поздрав Анета и Молика.