Бугарите го крена гласот поради поставено македонско знаме на нива територија – работата стигна и до полиција
Од „Осогово“ – Планинарски Спортски Клуб Кочани се огласија со соопштени до јавноста во кое се вели:
Со цел да ја информираат во целост пошироката јавност, Планинарскиот Спортски Клуб „Осогово“ од Кочани излезе со Соопштение кое Ви го пренесуваме во целост:
„На ден 3-ти Ноември од страна на Началникот на Граничната полиција на Источна Македонија, Командирот на граничната полиција на Македонска Каменица, бевме повикани на информативен разговор како претседатели на двата планинарски клуба од Кочани „Осогово“ и „Москито“ во Полициската станица во Кочани.
Причината на овој разговор е поставување на националното знаме на Македонија на територија на Бугаријаод страна на македонски планинари со што со ова неразумно однесување на поединец е предизвикан инцидент и крш ење на договорот потпишан од двете држави.
Поради вакво несовесно однесување има големи шанси да ни биде забрането од страна на Бугарија влез и користење на единствениот заслон на „Руен“ на бугарска територија кој досега го имаме користено без проблем иако е околу 400 метри во нивна територија.
Апел до сите планинарски друштва од страна на Граничната полиција се:
1.Забрането оштетување или ун иштување на гранични ознаки и цртање по нив;
2.Забрането снимање на територија и објекти на другата страна;
3.Забрането поставување на државни обележја (знамиња) од една на друга територија;
За секој кој нема да ги почитува законите ќе следува крив ична пријава од страна на Граничната полиција и органите надлежни за границата“