(ВИДЕО) Жител на кочанско Зрновци: Секој ден пијам по литро ракија, на доктор не сум бил 10 години
Ракијата е традиционален напиток во Македонија, таа е често на нашите трпези и служи за наздравица во многу пригоди.
Но од Зрновци, село во источна Македонија ни доаѓа една интересна приказна, своевиден феномен за човек кој конзумира по едно литро на ден и не отишол на болница долго време.
– Пијам ракија најмалку 800 грама па се до литар, и тоа секојдневно. Мојот ден започнува во четири часот наутро. Утрински пијам 250 грама ракија.
– Потоа кога одам на работа шишето од 250 грама ми е повторно во џеб. Можам да кажам дека до пладне тоа шише е веќе испиено, вели овој човек пред камерите на ,,Радио Кочани”
– Дојде време за ручек, тогаш полнам повторно, па така до крајот на денот стигнам до еден литар ракија. Тоа ми е рутина.
– Инаку сум 63 години, работам како ѕидар, иако конзумирам толкава количина нема да може да ме видите во алко холизирана состојба.
– Тоа јас не го нарекувам феномен, туку кондиција. Сето тоа јас го потрошувам. И пијам без мезе, за мезе ги имам сопствените џигери, вели низ смеа овој човек кој сакаше да остане ано нимен.
– Доста битно е да имате редовна исхрана, редовен доручек, ручек и вечера, сам живеам па претежно јадењето ми е суво.
– Нај отворено кажувам дека мене не ме фаќа толку иако количински изгледа многу. Месечно трошам некаде околу 30 килограми ракија.
– Исклучиво домашна ракија користам, јас не печам туку купувам од мојот братучед. Истата се движи околу 200 денари а месечно давам по 100 евра.
– Од ѕидарскиот занает заработувам некаде околу 30.000 денари па така имам доволно пари за се. Избегнувам да пијам по кафеани.
– Преферирам домашно пиење, сега ова е реткост ова што дојдов во кафеана. Имав повод да почастам за новиот мотор што го купив.
– Покрај ракијата, понекогаш пијам и пиво, додека пак виното го избегнувам бидејќи од него добивам хемороиди. Пиво пијам само во недела.
– Дневно спијам по осум часа, додека четиринаест часа пијам. И секогаш сум на исто ниво. Апелирам до тие што конзумираат да пијат само домашно и природно.
– На доктор последен пат бев во 2013, едноставно не знам што е тоа доктор. Ниту сум се напил таблети долго време, вели овој граѓанин на Зрновци.