(ВИДЕО) Познатата пејачка со метла по подот си го собираше бакшишот
Музичкото шоу ,,Ѕвезде Гранда” лансираше многу пејачи до врвот, благодарение на тоа шоу тие направија кариери и станаа доста познати.
За жал ги имаше и оние кои не успеаја да ја зграпчат шансата, ги снема или не се толку популарни, но дефинитивно една од тие што успеа и тоа доста добро е Рада Манојловиќ.
Патот на Рада до врвот бил доста тежок, од селото Четереже дојде до врвот. Од сиромаштија, немање основни услови, до достоинствен живот.
Денес таа ги полни клубовите каде и да се појави, а нејзините песни се секогаш на репертоарот кога станува збор за забава.
Барана е насекаде, настапува на различни пригоди, а свадбите се секако еден посебен чин, каде бакшишот е загарантиран.
Рада Манојловиќ каде и да се појави ја раз горува атмосферата, а така беше и овој пат кога настапи на приватна прослава.
Имено, Рада била пејачка на свадба во Белград на која повеќето гости биле од Словенија. Гостите на свадбата биле многу среќни, играле без престан, а песните на Рада ги ставија во транс, па кр шеле чаши.
И тие биле со отворени раце, цела говорница околу Рада била посипана со бакшиш. На Рада фрлале со 200.000 – 300.000 српски динари.
Екипата на ,,Курир.рс” дојде до видеото кое покажува како поради скр шени чашки морале да дојдат чистачките да чистат, а во таа прилика и го собрале бакшишот на Рада кој бил на подот.
Оваа сцена досега не е видена кога се во прашање познатите пејачи, а Рада секако успеала да направи делириум и атмосфера за паметење.
– Воодушевена сум од невестата, толку весела невеста досега не сум видела. На неа и на нејзиниот сопруг им посакувам се најдобро и многу среќа во бракот – изјави Манојловиќ.
Како изгледаше сето тоа може да проследите тука.