МВР со детали за снимката од Куманово: Познато за што станува збор и колкумина завршија во станица
Голема прашина деновиве крена снимката што кружи на социјалните мрежи, а е напрвавена пред неколку дена на улиците во Куманово.
Од Министерството за внатрешни работи се огласија утрово со детали и објаснија за што станува збор.
На 15.11.2022 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Р.И.(18), Ф.А.(19), А.Д.(20), К.Г.(18), А.Т.(18), А.В.(18), А.С.(20), А.Б.(23) и Л.С.(19), сите од Куманово и кумановско, а на службен разговор биле повикани и тројца малолетници од Куманово.
Тие се сомничат дека на 14.11.2022 на улицата „Карл Маркс“ во Куманово со тврди предмети му го ош тетиле возилото на Б.Ш.(20) од Куманово, по што тој во обид да избега предизвикал сообраќајна незгода удирајќи во паркирано возило.
По целосно документирање на случајот против сите лица ќе следуваат соодветни пријави.
По преземени мерки било констатирано дека станува збор за недоразбирање без никакви меѓуетнички елементи.
СВР Куманово апелира до медиумите за професионално и точно информирање без шпекулации околу причините за ин цидентот.