Наздравје греење: За метар кубик огревно дрво се плаќа 8000 денари – Борче од прилепско сподели јавно
Цена на огрвното дрво сезонава поскапеа како никогаш досега, а и побарувачката на истото си го направи своето.
Па така дрва во Скопје е околу 5 илјади денари за метар кубен, додека ЈП „Национални шуми“ го продава за 3 илјади денари.
Речиси истовремено трговската маржа беше ограничена на 10%, но ни тоа не помогна. Оваа година „Шуми“ имаат исечено 20 илјади кубици повеќе дрво отколку лани, но сепак цената порасна.
Предлогот е регулација на цената како за бензините и водата наместо пазарно креирање на цената на дрвото. Енергетската криза врати многу домаќинства на греење на дрва, а се создаде и страв дека нема да има доволно.
Се намалува бројот на вработени во ЈП со што се намалува и количеството на исечено огревно и техничко дрво, а дупката ја користат и дрвокрадците кои се организирани и кои имаат свои луѓе во надлежните институции.
Независниот советник во Советот на општина Могила, Борче Бучински обелодени несекојдневна набавка на огревно дрво кој општината го склучила со фирма од село Врбоец, општина Крушево.
Бучински преку видео обраќање на својот Фејбук профил кажува дека цената која општината ја платила за метар кубен огревно дрво за училиштата изнесува 8.000 денари.
Имено договоро кој со сите материјали ќе ви го прикажаме е напревен, дрвата се донес 147 кубика по цена од 8000 денари. Истата набавак во Битола за огревно дрво е 5000 денари.