На радоста на Зоран Заев и немаше крај па порач: Еееј, радувај се мој македонски народе
Поранешниот македонски премиер Зоран Заев иако се повлече од активната политика се уште преку социјалните мрежи од време на време знае по нешто да сподели.
Така беше и овојпат кога доцна синоќе видно радосен се огласи на својот профил на фејсбук и напиша:
Нашиот македонски сон стана реалност !Потпишавме договор со Европската Унија на македонски јазик.
Северна Македонија потпиша договор со ЕУ, на кој што стојат потписите на сите земји членки на Европската Унија, вклучително и потписите на нашите соседи Грција и Бугарија.
Ееееј… Грција и Бугарија потпишаа договор со нас на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ! Сега веќе не треба да веруваме, СЕГА ВЕЌЕ ЗНАЕМЕ зошто беше храброста, решителноста, визијата…
Успеавме ! МАКЕДОНЦИ со МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, признаени од целиот свет !Радувај се мој македонски народе ! Испишавме историј