Објавено колку Македонци живеат по светот – бројка која и тоа како е сериозна
Општо познато е дека голем број Македонци со годините наназад во потрага по подобар живот, а водени пред се од финансиски карактер, среќата си ја побараа надвор од границите.
Миграцијата од Македонија во последната деценија се зголемила за пет пати во ЕУ и околу четвртина од работоспособното население заминува од земјата што влијае врз продуктивноста на самата земја, истакна Анита Рихтер, раководител на одделот за Југоисточна Европа на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД на денешната презентација на Извештајот на ОЕЦД „Трудова миграција во Западен Балкан, мапирање на шемите, адресирање на предизвиците и користење на придобивките“.
Рихтер посочи дека големата дијаспора може да донесе значителни ресурси за својата земја на потекло.
Посочи и дека потенцијалот на дијаспората на Македонија е доста голем и оти околу три проценти од дознаките одат во земјата, но тоа е под просекот во Западен Балкан каде е околу 10 проценти.
„Продолжувањето на миграцијата на работоспособното население е сценарио кое Македонија не би сакала да го доживее.
Тоа ќе ја направи земјата неконкурентна во делот на вештините за подобрување на иновациите, спроведувањето на реформи и социјално-економскиот напредок“, рече Вероник Улман Мартин – амбасадорка на Швајцарија во Македонија.
Според податоците на Министерството за економија, потребна е преквалификација и менување на работните навики бидејќи статистиката покажува оти во Агенцијата за вработување процентот на невработени е навистина висок, но, над 93 насто од невработените се функционално неписмени, или тоа значи дека нивните вештини не одговараат за пазарот на трудот.
Амбасадорот на Австрија истакна дека неговата земја ја поддржува македонската евроинтеграција бидејќи на тој начин се запира миграцијата особено на младите луѓе.
„Австрија нуди неколку програми и иницијативи кои се насочени кон спречување на одливот на мозоци од Северна Македонија кон други земји.
Една од нив е и програмата во Салцбург, каде што медицински лица можат да студираат а потоа и да останат на пракса во клиниката“, рече Георг Вуцас, амбасадор на Австрија во Македонија.
Од 2011 до 2019 година од нашата држава се иселиле 700.000 наши сограѓани или скоро секој четврт жител си заминал.
Иако тој тренд се намалил во периодот на кор онавирусот, тоа претставува сериозен про блем не само за носителите на јавни функции и за креаторите на политики, туку и за целото општество, бидејќи се појавува празнина на пазарот на трудот.